Ракометарите на ЧСМ Букурешт, предводени од клупата од македоскиот стратег Звонко Шундовски, а на теренот од репрезентативецот Гоце Георгиевски, се пласираа на Ф4 во Купот на Романија, откако славеа на гостувањето кај Дунареа Калараши со 25:26. Георгиевски беше убедливо најдобар поединец на теренот и постигна 8 голови од 10 обиди.
Другите „македонски“ тимови забележаа порази и се елиминирани во четвртфиналето. Темишвар на Филип Лазаров (2 гола) и Златко Даскаловски загуби со 26:25 кај Потаиса Турда, додека Одорхеи на Горан Кузмановски (6 гола), Гоце Ојлески (1 гол) и Милорад Кукоски загуби кај силната Доброгеа Суд Констанца на Бранко Ангеловски со 30:28.


