Големи промени се најавуваат во редовите на поранешниот европски првак. Се приближува крајот на една ера во бундеслигашот Фленсбург, откако се поизвесно е заминувањето на тренерот Љубомир Врањеш од тимот, затоа германскиот клуб е во интензивна потрага по негова замена.
Отакако долго се зборуваше за норвешкиот селектор Кристијан Берге како наследник на Врањеш, последните информации говорат дека Славко Голужа престојува во Германија, на преговори со клубот. Состанок кој треба да даде нова насока на Фленсбург ќе даде и одговори на многу прашања поврзани со иднината на амбициозниот германски клуб.
Швеѓанецот со југословенски корени, изгради успешна кариера во Фленсбург, каде ја заврши својата играчка кариера. Од 2010 е на клупата на бундеслигашот, а во 2014 година со клубот ја освои Лигата на шампионите. Врањеш својата кариера многу извесно е дека ја продолжува во Унгарија како тренер на шампионот Веспрем.
Славко Голужа својата богата играчка кариера ја заврши во 2005 година, потоа доби нова улога како помошник на Лино Червар во националниот тим, а по заминувањето на искусниот и трофеен тренер, Голужа го превзема кормилото на хрватската ракометна репрезентација, каде се задржа до 2015 година. Хрватскиот стратег една година седеше и на клупата на шампионот Загреб.
Агрон Хајредин


