Ракометарката на Валчеа и македонска репрезентативка Андреа Белеска нема да игра до крајот на оваа сезона. Таа имаше повреда на рамото и се обиде со терапии во Скопје да го санира проблемот, но откако не успеа, неизбежна беше операција, па нема да може да му помогне на нејзиниот тим во битките во романскиот шампионат.
Операцијата беше извршена во Љубљана, повредата е успешно санирана, па сега Белеска ја очекува процес на рехабилитација, кој би требало да трае околу 4-5 месеци, па ќе се очекува нејзин камбек на терените следната сезона. Десниот бек освен клупските натпревари за Валчеа, ќе ги пропушти бараж средбите на Македонија против Шведска за пласман на Светското Првенство во Германија, кои ќе се играат на почетокот на јуни.


