Левото крило на македонсаката репрезентација, Јована Саздовска, само неколку дена по потпишувањето за романската Магура, го имаше своето деби, и тоа многу успешно. Магура одигра нерешено, 23:23 против фаворизираниот тим на Клуж на домашен терен во рамките на романскиот шампионат.
Саздовска беше втор стрелец во нејзиниот тим со 7 постигнати голови, од кои 2 беа во финишот кога се кршеше резултат. Со овој бод, Магура Чиснаиде е веќе надвор од опасната зона и ја прекина серијата порази, а следниот натпревар ќе го игра на домашен терен против Валчеа.


