Ница и Колев влегоа во негативна серија, пораз и од Безансон

Екипата на Ница која од клупата е предводена од македонскиот тренер Марјан Колев, загуби по шести пат по ред во францускиот шампионат, овојпат на домашен терен од екипата на Безансон со 24:36, во натпревар од 11 коло.

Ница, која оваа сезона игра без носителките на играта од минатата сезона (Лакрабер се пресели во Вардар) не можеше да парира на искусната екипа на Безансон и доживеа убедлив пораз. Следниот дуел Ница ќе го игра на домашен терен со фаворизираниот Брест Бретања, каде игра екс вардарката Алисон Пино.