Доскорешната ракометарка на Металург и македонската репрезентативка Јована Саздовска за првпат ќе стане интернационалка и во следниот период ќе настапува во силниот романски шампионат, во дресот на Магура Чиснадие.
Магура Чиснадие се наоѓа на 10 позиција на табелата од 14 екипи во Романија и Саздовска ќе треба да му помогне на тимот да го избори опстанокот. Покрај македонското лево крило, има уште две интернационалки српската голманка Драгица Таталовиќ, како и бразилското крило Лариса Да Силва.
Саздовска ќе биде петтата македонска репрезентативка кој ќе игра во Романија. Во Дунареа Браила игра голманката Наташа Антиќ, бековите Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска се членки на Данубиус Галаци, додека Андреа Белеска игра за Валчеа.



