Ливриниќ одлична против европскиот првак ЧСМ Букурешт

Тимот на Данубиус Галаци, каде што играат двете македонски репрезентативки Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска очекувано загуби од романскиот и европски првак ЧСМ Букурешт со 19:28 на домашен терен во рамките на 13 коло.

Ливриниќ покажа одлична игра и беше втор стрелец со 5 постигнати голови, додека Јовановска даде 1 гол. Следниот дуел Данубиус ќе го игра на гостински терен против Корона Брашов.

Дунареа Браила, каде што брани Наташа Антиќ славеше победа над Магура со 29:21, по што се најде на второто место во романскиот шампионат зад ЧСМ Букурешт со 8 бодови заостанување и натпревар помалку.