Актуелниот селектор на Норвешка, Кристијан Берге, би требало да го замени Љубомир Врањеш на кормилото на Фленсбург од следното лето. Според норвешките медиуми, поранешниот играч на Фленсбург е прв фаворит за тренерска клупа која ќе остане празна по заминувањето на Врањеш во Веспрем.
Швеѓанецот потврди дека е на пат за Унгарија и дека прашање на време е само кога двете управи ќе се договорат околу откупувањето на неговиот договор кој е потпишан до 2020 година.
„Немам што да кажам околу тоа. Фокусиран сум на тоа што го правиме сега со норвешката репрезентација. Не сакам да зборувам ништо за тоа додека трае Светското Првенство. Што ќе се случи потоа ќе видиме.“ – загадочно изјави Берге.
Тој беше во комбинација и за селекторското место на Македонија, откако Обрван си замина, но таа улога му беше доверена на Лино Червар.
Фото:tv2.no


