На прес-конференцијата по натпреварот меѓу Ангола и Словенија, анголскиот селектор Александре Диого Мачадо истакна дека е изненаден од резултатот и не очекувал таков пораз, но неговата екипа е млада и времето ќе покаже дали ќе напредуваат во ракометниот свет. Запрашан за следниот противник Мачадо истакна:
Одигравме многу тежок меч и не очекувавме ваков резултат, наша цел е да ги намалиме техничките грешки. Ќе ја подобриме одбраната против Македонија и мораме да излеземе со топката да играме побргу и да направиме полуконтри од брза традиција. Исто така имаме многу повредени играчи и сето тоа се одрази на првиот дуел, ќе видиме како ќе биде на вториот. Најголемиот дел од подготовките ги направивме во Португалија, бидејќи дојдовме од топол крај на ваква температура, затоа сега имаме проблем со климата. -истакна Мачадо


