Пикерот на Вардар, Рожерио Мораес Фереира, со бразилската репрезентација беше дел од традиционалниот „Жолт Куп“ во Швајцарија, каде некои од селекциите се подготвуваа за СП, а другите за претстојните квалификации.
Во конкуренција на Швајцарија, Романија и Словачка, Бразил го освои второто место. Најпрво, ја победи Романија предводена од Чави Пасквал со 25:24, а потоа славеше над Словачка со 30:20, дуел на кој Рожерио беше втор стрелец со 3 голови. Во последното коло, „воините“ загубија од домаќинот Швајцарија со 25:24, а на овој меч пикерот на Вардар даде 1 гол.
Бразил на СП ќе игра во групата А, каде се актуелниот светски првак и домаќин Франција, потоа Јапонија, како и Полска, Русија и Норвешка, но со оглед на големиот број на повреди кај Полска, има добри шанси да се пласира во осминафиналето.


