На отворањето на ХЕП Кроација Купот во Хрватска, во првиот дуел се соочија екипите на Црна Гора и Тунис. Црногорците имале добро отворање на натпреварот, но брзите тунижани за кратко време ја превземале контролата над играта. Иако туниските репрезентативци имале предност во поголемиот дел од натпреварот, на крај Црна Гора успеала да направи пресврт, но не и да се избори за победа.
Иако Црна Гора по првите осум минути игра имала два погодока предност (3-1), во средината на првиот дел Тунис го израмнил резлутатот, но серијата продолжила за првите два гола разлика за африканскиот претставник (8-6), разлика која се задржала до крајот на првиот дел за конечни 20-18.
По само шест минути во второто полувреме Црна Гора го изедначила резултатот на 21-21. Но по истото сценарио од првиот дел, Тунис во средината на вториот, повторно ги вратил највисоките два погодока разлика. Африканците го одржувале водството до самиот крај на натпреварот. Во 55та минута Црна Гора со фуриозна игра прво го изедначила резултатот, а веднаш потоа и доаѓа до гол предност, разлика со која двете екипи влегле во последната минута. Сепак, црногорците дозволиле да примат гол во последните секунди од натпреварот за реми и конечни 31-31.
Најпрецизен на теренот бил Буганми со 12 голови, додека ѕвездата на Барселона, Ваел Жалуз постигна 5. Кај Црна Гора за која не настапил Борозан, најдобри стрелци биле Шеваљевиќ и Чавор со по 5 голови.
Тунис се подготвува за Светското првенство во Франција, а токму во првиот дуел од групата Б ќе се сретне со македонската ракометна репрезентација. Покрај Македонија, во Мец ќе настапат Шпанија, Словенија, Исланд и Ангола. Само првите четири репрезентации ќе се пласираат во осминафиналето на светскиот шампионат.
Во рамките на подготовките веќе утре (18:00) Тунис ќе го одигра последниот натпревар на ХЕП турнирот, а последен предизвик ќе му биде репрезентацијата на домаќинот Хрватска.
Црна Гора – Тунис 31:31 (18:20)
Црна Гора: Мијатовиќ, Мијушковиќ, Симиќ; Симовиќ, Мајиќ 3, Радовиќ 1, Чавор 5, Марковиќ 4, Вујовиќ 3, Анџелкиќ 3, Грбовиќ, Липовина, Шеваљевиќ 5, Кампар 1, Петричевиќ, Божовиќ 2, Ласица 4, Радојевиќ
Селектор: Драган Ѓукиќ
Тунис: Мисауи, Ма. Суси; Тоуми 1, Теж 2, Банур 3, Магез, Заид, Јусуф, Санаи 2, Буганми 12, Саиед 1, Хосни 1, Јабалах, Т. Жалуз, Шуиреф 1, Мо. Суси 2, В. Жалуз 5, Бен Бдалах
Селектор: Хафед Зуаби


