Македонија имаше успешни контроли – трет триумф против БиХ

Македонија имаше успешни контроли пред настапот на Мундијалот во Франција, откако ја совладаа селекцијата на Босна и Херцеговина и во третиот пријателски натпревар со 32:30, што беше затворен за јавноста и се одигра во Автокоманда.

За разлика од претходните два, овој дуел беше неизвесен и се решаваше во самиот финиш. Иако избраниците на Червар водеа со 17:13 на полувремето, сепак гостинските ракометари одиграа одлично во вториот дел и го однесоа мечот во неизвесна завршница.

Босанците при резултат 30:30 имаа и напад за водство, но не го искористија, па македонските репрезентативци казнија со два гола по ред за конечни 32:30. Кире Лазаров беше најдобар стрелец со 11 голови, а Гоце Георгиевски даде 7, додека кај Босанците се истакна Марин Вегар со 7.

Македонија настапо на СП го започнува на 12 јануари со дуелот против должникот од олимписките квалификации, Тунис, а потоа следуваат пресметките со Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.