Талески: Им ги најдовме слабите точки на Полјаците

Македонија успешно ја стартуваше мисијата „Алжир“, откако во првото коло во квалификацискиот турнир за пласман на Мундијалот славеше над фаворизираната селекција на Полска со убедливи 30:22. Еден од предводниците на младинската селекција, Филип Талески, одигра одличен натпревар и беше втор стрелец со 5 голови.

„Добро се подготвувавме во Маврово за оваа селекција и во мислите ни беше само Полска. Тие беа. фаворити бидејќи имаа подобар пласман од нас на последното Европско Првенство. Иако фаворитската улога беше кај нив, сепак ние игравме на домашен терен. Максимално ги анализиравме, им ги најдовме слабите точки. Нивниот најдобар играч беше затворен и тука се направи разликата. Одигравме добра одбрана, имавме поддршка од голманите и со брзи контри посебно од десно крило дадовме доста лесни голови. Немаме никакви информации за Португалија, едноставно се фоусиравме само на Полска. Го имаме видео записот од денешната средба со Турција и во текот на вечерта ќе ја анализираме, па се надеваме дека ќе ја забележиме и втората победа на овој турнир.“ – изјави Филип Талески.

Македонија во второто коло ќе се сретне со селекцијата на Португалија, утре во СРЦ „Кале“ со почеток во 17:45. Утрешниот ривал славеше убедлива победа над Турција со 40:27.