Во првиот натпревар на денешната програма во Скопје на квалификацискиот турнир за Светското младинско првенство во Алжир, младинската репрезентација на Португалија со убедлива игра ја прегази селекцијата на Турција со 40-27.
Натпреварот беше решен по само неколку минути од почетокот, а добрите решенија во одбраната на Португалија и квалитетот на противникот го дефинираа резултатот 18-11 по крајот на првиот дел. Доминацијата продолжи и во второто полувреме, за на крај младинците на Португалија да ја слават првата победа на 40-27.
Најдобар поединец на теренот беше Мигуел Мартин Соарес со осум погодоци, Гонзало Риберо постигна пет, додека по четири пати беа прецизни Кавалканти,Жозе Барбоса и Мигуел Алвеш. Кај Турција 8 голови постигна Халил Ибраим, но ниту 6-те голови на Мерџан не беа доволни за победа на овој дуел.


