Младинската репрезентација на Македонија имаше успешен старт на квалификациите за пласман на Мундијалот во Алжир. Избраниците на Илија Темелковски славеа со 30:22 над Полска, која пред мечот беше прогласена за главен фаворит за првото место во групата. Но мотивираните младинци покажаа дека не признаваат фаворити.
Во вториот дел кога Полска се доближи на четири голови разлика, на сцена стапи голманот на Пелистер, Никола Даниловски, кој со неколку интервенции во серија им ги скрати надежите на Полјаците дека можат да се изборат за подобар резултат. Погледнете дел од неговите интервенции…


