Македонската младинска репрезентација ја совлада фаворизираната Полска со 30:22 во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман на Светското Првенство во Алжир. Десниот бек Мартин Велковски, имаше солидно издание и беше стрелец на 4 голови во победата што го отвара патот до Мундијалот.
„Машки се боревме во текот на целиот натпревар и победата е заслужена. Игравме добро во нападот и во одбраната, посебно во првото полувреме. Во вториот дел промашивме неколку зицери, но со добриот резултат од првиот дел го покривме тоа. Сега ни останува добро да се подготвиме за Португалија, против која ќе се обидеме да бидеме добри како против Полска, па дури и подобри. Фаворитските улоги нас не нè интересираат. Секој меч си има своја тежина.“ – изјави Велковски.
Во првиот дуел од нашата група Португалија беше убедлива против Турција и славеше со 40:27. Македонија ќе се соочи со пиринејската репрезентација утре со почеток во 17:45 часот.


