Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, ќе биде предводник и на подновената генерација ракометари во националниот тим. Тој е задоволен од подготовките кои се одвиваат во снежното Маврово, каде ракометарите изолирани, на мир можат да се сконцентрираат на обврските.
„Се работи за сериозни подготовки, како една вистинска европска, светска репрезентација. Познавајќи го Лино ништо не е неочекувано, тренираме добро, серизони сме, имаме одлични услови во Маврово, изолирани и сконцентрирани на тоа што треба да го работиме и засега се се одвива како што треба. Очекуваме да се комплетираме со доаѓањето со Манасков и Миркуловски и се надеваме се ќе биде во најдобар ред. Мора да бидам искрен и реален дека чувствувам поголем товар како предводник на дел од младите играчи. Иако се млади, момците почитуваат, респектираат, слушаат што ќе им се каже. Треба да им се посвети повеќе внимание, да се посветат повеќе часови на тренинг за да се дојде до посакуваното. Нема да биде воопшто лесно, не сум загрижен и свесен сум за тоа што ме очекува. Повеќе внимание посветуваме на нас самите, отколку на нашите противници. Воопшто не треба да се заморуваме со ривалите. На СП нема млади и стари, силни и слаби, има 24 квалитетни селекции, па треба да се смета дури и на репрезентациите од другите континтеи.“ – изјави Лазаров.


