Пикерот на Вардар, Рожерио Мораес Фереира ќе патува за Франција и ќе биде дел од селекцијата на Бразил на Мудијалот. Мораес го помина последниот филтер и се најде на скратениот список од 16 ракометари, кој го објави селекторот Вашингтон Њунес.
Заедно со Мораес, на пикерската позиција во Бразил ќе биде само уште еден ракометар, Александро Поцер од шпанскиот Сагунто, па вардаровиот пикер сигурно ќе понесе голем дел од товарот на оваа позиција.
Бразил се наоѓа во тешката Група А, заедно со четири европски селекции, домаќинот Франција, Полска, Русија, Норвешка, како и Јапонија.


