Шпанија без Штербик и Македа, Душебаев и Канелјас ќе играат против Македонија

Голманот на Вардар Арпад Штербик и десниот бек на македонскиот првак, Хорхе Македа, не се најдоа на скратениот список на новиот шпански селектор Жорди Рибера за претстојното Светско Првенство во Франција, на кое „фуријата“ е во група со Македонија.

Голманската двојка на Шпанија и без Штербик ќе биде квалитетна, бидејќи ќе играат Гонзало од Барселона и Коралес од Висла Плок, а на десен бек покрај Душебаев, ќе биде и Едуардо Гурбиндо од Нант.

Покрај Шпанија и Македонија, во групата Б на СП во Мец, се и Исланд, Словенија, Тунис и Ангола.