Шпанија го мобилизираше Штербик за настап на СП

Голманот на Вардар, Арпад Штербик, се најде на поширокиот список на шпанскиот селектор Жорди Рибера за настап на Мундијалот во Франција. Штербик бранеше на ЕП во Полска, но не играше на квалификацискиот турнир за ОИ, и сега одново се враќа во националниот тим.

Неговото искуство ќе биде непроценливо за Шпанија, која посакува висок пласман во Франција. Покрај Штербик во составот на Шпанија се и десните бекови Алекс Душебаев и Хорхе Македа, како и левиот бек Жоан Кањелјас, кои ќе имаат дуели со соиграчите од Вардар, бидејќи Македонија е во иста група со „фуријата“.