Средниот бек на Киелце, Урош Зорман нема да настапи за селекцијата на Словенија на Светското Првенство што ќе се одржи во Франција на почетокот на следната година. Иако Зорман првично се најде на поширокиот список на Вујовиќ, сепак нема да игра затоа што му е потребен одмор.
„Ова не е збогување на Зорман од репрезентацијата. СП се игра во пеколен ритам, а тој немаше одмор минатото лето, поради настапите за Киелце, но и за ОИ. Затоа решивме дека најдобро ќе биде да го пропушти ова СП.“ – изјави Веселин Вујовиќ, селекторот на еден од противниците на Македонија во Мец.
Покрај Зорман, и вториот среден бек на Киелце, Дејан Бомбач, можеби нема да биде од претстојниот Мундијал. Него го мачи повреда на ребрата и ќе мора да отсуствува одредено време од терените.
„Не се знае кога точно Бомбач би можел да се врати на тренинзи. Тој сигурно нема да ја мине првата фаза на подготовки со нас, но се наоѓа на списокот, па потоа ќе утврдиме дали ќе игра на СП.“ – вели Вујовиќ.
Македонија ќе игра во Групата Б на СП во Мец, заедно со Словенија, Шпанија, Исланд, Тунис и Ангола.



