Македонската ракометна репрезентација влегува во последната фаза од подготовките за СП 2017. Селекторот Червар го објави поширокиот список на ракометари од кои ќе се бараат 16-те кои ќе ги бранат боите на Македонија на овој шампионат. Меѓу позначајните имиња кои ќе се појават во Франција секако е Филип Миркуловски кој треба да смогне сили и да и помогне на Македонија во неговиот веројатно последен ракометен Мундијал. Пред да го објави поширокиот список, селекторот истакна дека неговиот избор е збир на обсервации и размислувања по дебаклот на олимписките квалификации во Гданск.
Лино Червар, селектор на Македонија: Имам концепт за развој на машки ракомет во Македонија за наредниот олимписки циклус. Мислам дека Светското Првенство во Франција е прв чекор за реализирање на тој концепт, тоа е новиот пат. Мораме да имаме слика и визија на посакуваната иднина односно цел која сакаме да ја оствариме во наредниот период. Нашиот концепт за развој на ракометот во Македонија ќе ја има крајна цел пласман на Олимписки игри 2020. Не смееме да заборавиме дека само со промена се доаѓа до успех, иако постојат многу опоненти кои посакуваат статус кво на ракометот. Еден од приоритетите е подмладување со нови млади таленти. Мислам дека имаме поддршката од многу луѓе во Македонија и само така можеме да имаме насока во кој правец ќе продолжиме понатаму.
ПОШИРОК СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ЗА СП2017
Голмани:
Колев Кирил , РК Пелистер
Трајковски Благојче, РК Охрид
Ѓорѓевски Даниел, РК Вардар Јуниор
Митревски Никола, Бенфика
Лево Крило:
Манасков Дејан, Рајн Некар Ловен
Ојлевски Гоце, Одорхеи
Маџовски Бојан, Пелистер
Палевски Давор, Металург
Десно крило:
Георгиевски Гоце, Букурешт ЦСМ
Поповски Мартин, Вардар Јуниор
Никола Костески, Металург
Пивот:
Стојанче Стоилов, Вардар
Никола Марковски, Орошхази
Жарко Пешевски, Металург
Бекови:
Велко Марковски, ППД Загреб
Лазаров Кирил, Барселона
Лазаров Филип, Темишвар
Талески Филип, Металург
Неловски Марко, Металург
Андоновски Ласко, Пролет
Стефан Дрогришки, Металург
Ристо Арнаудовски, Ферлах
Влатко Митков, Кремс
Манасков Мартин, Вардар Јуниор
Велковски Мартин, Металург
Крстевски Горан, Металург
Миркуловски Филип, Вецлар
Младеновски Јовица, Охрид 2013


