„Македонскиот“ состав на Одорхеи, забележа нова победа во романскиот шампионат, откако во натпреварот од 13 коло славеше на гостувањето кај составот на Фочани со 27:25, а и на полувремето водеше со 14:10.
Од македонските интернационалци само Гоце Ојлески се запиша во листата на стрелците и даде 2 гола од 4 обиди, додека Горан Кузмановски немаше погодок, а Милорад Кукоски не беше во составот. Сега Одорхеи има четири бодови помалку од Констанца, а три бодови помалку од Динамо Букурешт.


