„Македонски“ дуел во Романија: Георгиевски и Шундовски со ЧСМ го урнаа лидерот Констанца на Ангеловски

Вицепрвакот од минатата сезона, ЧСМ Букурешт, предводен од Звонко Шундовски забележа нова победа и покажа дека лошата форма е минато. Овојпат „жртва“ на Гоце Георгиевски и соиграчите беше лидерот Доброгеа Суд Констанца, каде игра Бранко Ангеловски.

ЧСМ славеше со 28:24, иако на полувремето гостите имаа предност од 14:12. Георгиевски на овој дуел имаше 2 гола од 2 обиди, додека Ангеловски исто така бее стопроцентен во македонскиот дуел и постигна 4 голови од 4 обиди. И покрај поразот Констанца останува на врвот, а ЧСМ полека се приближува до водечките позиции на табелата.