Ангеловски и Констанца не го даваат врвот во Романија

Доброгеа Суд Констанца, каде настапува поранешниот македонски репрезентативец Бранко Ангеловски, ја совлада Турда со убедливи 37:28 и остана на врвот во романскиот шампионат и по 12 кола.

Констанца по камбекот во најквалитетното друштво игра како препородени, а исто така игра и Ангеловски, кој ја живее втората младост. Тој на дуелот против Турда беше втор стрелец  со 4 голови, па заедно со Чутура и Тома беа главните домашни ракометари кои ја донесоа убедливата победа.