Ракометарите на Темишвар се вратија на победничките патеки и по два порази, забележаа победа во романскиот шампионат. Тимот каде игра македонскиот репрезентативец Филип Лазаров, славеше над составот на Фагараш со 27:20.
Лидер на Темишвар на овој натпревар беше Лазаров, кој беше најефиксен на теренот со 6 голови од 7 обиди, од кои 2 беа од пенал.
„Македонскиот“ Одорхеи ремизираше на гостувањето кај Динамо Букурешт, 27:27, но без особен придонес од македонските интернационалеци Горан Кузмановски, Гоце Ојлески и Милорад Кукоски.


