Одорхеи падна кај незгодниот Васлуи

„Македонскиот“ Одорхеи, каде што играат Горан Кузмановски, Гоце Ојлески и Милорад Кукоски, загуби на гостувањето кај незгодниот состав на Васлуи со 31:26, иако на полувремето, водеше Одорхеи со 15:14, во меч од 9 коло на романскиот шампионат.

Кузмановски постигна 3 голови а овој меч од 6 обиди, а Ојлески остана без погодок. Кукоски стандардно играше во одбраната и заработи две исклучувања од по 2 минути. Одорхеи следниот меч ќе го одигра на домашен терен против „македонскиот“ Темишвар на Лазаров и Даскаловски.