Тимот на Роман, предводен од македонскиот стратег Доне Бошковски загуби на домашен терен со 20:18 од лидерот во романскиот шампионат, Дунареа Браила, во меч од 8 коло.
Меѓу двата европски натпревари против Фехервар, Роман мораше да се соочи со силната екипа од Браила, која за потсетување на стартот на сезоната славеше над европскиот првак ЧСМ Букурешт.
Роман водеше на стартот на мечот со еден до два гола разлика, но по 7:7 и 8:8, Дунареа ја презема контролата и не ја испушти предноста од два до три гола разлика до самиот крај на мечот за конечни 20:18.
Најодбра во составот на Доне Бошковски беше Јасна Тошковиќ со 7 голови, додека во гостинскиот тим се истакна Тирон со 8 голови.
Фото: prosport.ro


