Битолчани се ослободуваат од вишокот: Еурофарм со шут-карти за Долиќ и Филиќ

Двете српски засилувања, Милан Филиќ и Милоје Долиќ, кои летово пристигнаа во Еурофарм Работник, веќе не се членови на битолскиот суперлигаш, откако не ги оправдаа големите очекувања. Иако двајцата беа во составот за мечот со Металург 2, кој се одигра синоќа во Битола, не влегуваа воопшто во игра.

Десниот бек Филиќ беше првиот странец кој дојде во Битола и на струшкиот турнир се покажа во солидно издание, но сепак се виде дека не е екстра квалитет. Како одминуваше времето, така добиваше се помала минутажа, а со неговото заминување се отвара место за Лазо Мајнов.

Средниот бек Долиќ, не доби преголема минутажа за да ги покаже своите (не)квалитети, но и за него веќе нема место во Еурофарм Работник. Дали неговото заминување значи и нови преговори со Наумче Мојсовски, ќе дознаеме во периодот што следува.

Фото: eurofarmrabotnik.com.mk