Ракометарите на ЧСМ Букурешт загубија на гостувањето кај Одорхеи со минимални 26:25, во „македонската“ дерби пресметка од романскиот шампионат, која се одигра во рамките на 8 коло.
Во тимот на Звонко Шундовски, кој продолжува да игра во стилот победа-пораз, Гоце Георгиевски беше стрелец на 4 голови со кои беше трет стрелец, додека во победничкиот тим, Горан Кузмановски даде 2 гола, а Кукоски и Ојлески не погодија.
Фото: facebook.com/szkc


