Начевски и Николов на Мундијалот во Франција

Најдобриот македонски судиски пар повторно ќе ја има честа да суди на Светско ракометно првенство. ИХФ ги истакна номинациите за судии кои ќе ja делат првадата на натпреварите од Светското првенство во Франција на почетокот на 2017 година, а меѓу 17-те селектирани се најдоа имињата на Славе Николов и Ѓорги Начевски. Со оваа номинација македонските судии ја продолжуваат низата успешни настапи на големи првенства која започна од Светското првенство 2011.

Во продолжение можете да ја погледнете листата на селектирани ракометни судии за СП во Франција

2017 ФРАНЦИЈА- СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ
Пан-Америка Аргентина – Грило Лопез Јулиан Исмаел/Ленчи Себастија Игнацио
Европа Чешка – Хорачек Вацлав/ Новотни Јири
Европа Данска – Гјединг Мартин/Хансен Мадс
Африка Египет – Рашед Мохамед/ Елсајед Тамер
Европа Шпанија – Ралуј Оскар/Сабросо Ангел
Европа Франција – Бонавентура Шарлот/ Бонавентура Џули
Европа Франција – Реверет Лорент / Пичон Стеван
Европа Германија – Геипел Ларс / Хелбиг Маркус
Азија Иран – Колахдузан Мајид / Мусавианазхед Садеги Алиреза
Азија Кореа – Ли Сеок / Ку Бон-ок
Европа Латвија – Лицис Ренарс / Сондорс Зигмарс
Европа Литванија – Гателис Миндаугас/ Мазеика Ваидас
Европа Македонија – Начевски Ѓорги / Николов Славе
Европа Црна Гора – Павичевиќ Иван /Ражнатовиќ Милош
Европа Словенија – Лах Бојан / Сок Давид
Европа Швајцарија – Брунер Артур / Салах Морад
Африка Тунис – Буалуша Исмаил / Кениси Рамзи