Минимални гостински победи за „македонските“ Одорхеи, Темишвар и Доброгеа

Во романскиот шампионат се одигра 7 коло, а три од четирите екипи во кои играат македонски интернационалци забележаа победи. Пораз на гости доживеа само вицепрвакот ЧСМ Букурешт на Звонко Шундовски од Потаиса Турда, 32:26, а Георгиевски даде 2 гола.

Темишвар на Филип Лазаров и Златко Даскаловски минимално го победи Сату Маре со 23:22, но без придонес од двајцата македонски интернационалци.

Доброгеа Суд Констанца на Бранко Ангеловски славеше кај Васлуи со 26:24, а левиот бек постигна 2 гола на овој дуел и имаше две исклучувања.

Одорхеи, пак, кој има најбројна македонска колонија, победи на гости кај Дунареа Калараши со 25:24. Гоце Ојлески беше втор стрелец во Одорхеи и имаше реализација 4/4, а Кузмановски погоди 2 пати, додека Кукоски си ја заврши работата во одбраната.