Актуелниот тренер на еден од најквалитетните европски клубови Ѓер, ќе биде новиот селектор на женската репрезентација на Романија. На ова место, Шпанецот ќе го замени Томас Риде, кој година ипол беше предводник на Романките.
Риде освои медал на СП со Романија и ја однесе репрезентацијата на Олимписките Игри во Рио, каде сепак немаа забележителен успех.
Амброш пак, претходно освен тоа што на кратко ја водеше Унгарија, нема репрезентативно искуство, па ова ќе биде прв таков предизвик за него. Тој веќе четврта сезона е тренер на Ѓер, а претходно осум сезони беше на клупата на шпанскиот тим Ичако.


