Тимот на Ница, предводена од клупата од македонскиот стратег Марјан Колев, ја забележа втората победа во четвртиот меч од францускиот шампионат, откако славеше над Сел сир Бел со 32:29.
Иако тимот е ослабен со заминувањето на Лакрабер во Вардар, сепак успева да пружи добри партии на стартот на сезоната. На мечот со Сел Сир Бел, во тимот на Колев најдобра беше Шумахер со 8 голови, додека по 4 дадоа Сисе, Николет, Прудом и Диенаба.


