По неочекуваниот пораз од Кил во Лигата на шампионите, ракометарите на ПСЖ се вратија на победничките патеки, откако славеа на гостувањето кај Тулуз со убедливи 38:27, во меч од второто коло на францускиот шампионат.
Фаворитот уште од стартот ги презема работите во свои раце и си обезбеди комотна предност, која само ја зголемуваше до крајот на мечот. Уве Генсхајмер со 8 голови и Микел хансе со 6 беа најдобрите ракометари во дрим-тимот на Нока Сердарушиќ.


