Ливриниќ најдобра, Данубиус во драматичен меч загуби од Дунареа

Тимот на Данубиус Галаци, загуби на домашен терен со минимални 25:24 од составот на Дунареа Браила. Ова практично беше „македонски“ дуел во Романија, бидејќи за тимот од Галаци играат Дајана Јовановска и Елена Ливриниќ, а Наташа Антиќ е дел од тимот од Браила.

Ливриниќ беше најдобар поединец во домашниот тим со 7 голови, додека Јовановска ја погоди мрежата на гостинките 4 пати.

Валчеа, за која Андреа  Белеска не даде гол загуби на гостувањето кај Бистрица со 31:28, додека Роман, чиј тренер е Доне Бошковски ремизираше со Залау, 24:24.

Фото: Ionut Buharu