Белфор убедлив против Шамбери 2, Ангеловски и Георгиевски солидни

Францускиот Белфор, каде играат двајцата македонски интернационалци Александар Ангеловски и Дарко Георгиевски, славеше на домашен терен над вториот тим на Шамбери со убедливи 38:30.

На мечот од 4 коло во француската Трета лига, Ангеловски беше стрелец на 3 голови, додека Георгиевски даде 2. Сега Белфор има половичен биланс, две победи и два порази, а во следниот меч ќе му гостува на Епинал.