Тимот на Роман, кој од клупата е предводен од македонскиот стратег Доне Бошковски, славеше на домашен терен над Данубиус Галаци, каде играат Дајана Јовановска и Елена Ливриниќ, со убедливи 32:16.
Ирина Глибко и Јасна Тошковиќ заедно искомбинираа 13 голови и беа нерешлива енигма за одбраната на Данубиус Галаци. Елена Ливриниќ поради повреда не беше во составот на гостинскиот тим, додека Дајана Јовановска беше најдобра со 4 голови.
Фото: ziarulderoman.ro


