Тимот на Ница, чиј тренер е поранешниот македонски репрезентативец Марјан Колев, ремизираше на гостувањето кај тимот на Тулон, 20:20, во рамките на третото коло од францускиот шампионат.
Откако во првото коло го изненадија на гости Брест со Пино во составот, а потоа загубија дома од Флери Луар, ракометарките на Колев во третиот меч одиграа цврст натпревар на гости кај Тулон. Иако губеа во поголемиот дел од натпреварот со три до пет голови разлика, ракометарките на Ница за прв пат на мечот поведоа со гол од пенал на 18 секунди до крајот.
Сепак, Екатерина Веткова по истекот на времето погоди од пенал за Тулон и за нерешени 20:20. Во составот на тренерот Марјан Колев, се истакна Цисе со 4 голови, додека кај Тулон, Веткова даде исто толку.


