Актуелниот романски вицепрвак ЧСМ Букурешт, кој го води поранешниот селектор на Македонија Звонко Шундовски, продолжува да игра во стилот топло-ладно.
ЧСМ загуби во градското дерби од Стеауа на гостински терен со 30:28, иако во еден дел од мечот водеше дури и со пет голови разлика. Во финишот ракометарите на Шундовски поведоа и со 28:27, но домашните за пет минути дадоа три голови и направија комплетен пресврт.
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски настапи на овој меч и беше стрелец на 2 гола од 3 обиди, а заработи и едно исклучување. Следниот меч за ЧСМ е на домашен терен против Сату Маре.


