„Петки“ за Ангеловски и Оса, но Белфор загуби

Тимот на Белфор, каде настапуваат двајцата македонски интернационалци, Александар Ангеловски и Дарко Оса Георгиевски, загуби на гостувањето кај Стразбур со минимални 34:33. Ова е втор пораз во серија за Белфор, и втор со еден гол разлика.

Ангеловски и Георгиевски пружија одлична партија и дадоа по 5 голови, но ниту не беше доволно да се запише втората победа. Следниот меч Белфор ќе го игра на домашен терен против вториот тим на Шамбери.