ЧСМ Букурешт на Шундовски и Георгиевски ја прекина серијата порази

По двата минимални порази од Васлуи дома и на гости кај првакот Динамо Букурешт, вицепрвакот ЧСМ Букурешт, славеше убедливо на домашен терен над Фочани со 33:22, во меч од 4 коло на романскиот шампионат.

Во победничкиот состав, кој од клупата  е предводен од поранешниот селектор Звонко Шундовски, македонскиот интернационалец Гоце Георгиевски беше стрелец на 1 гол од 3 обиди. Во следното коло, ЧСМ ќе ги одмери силите со градскиот ривал Стеауа.