Данубиус Галаци и Јовановска поразени кај Корона Брашов

Тимот на Данубиус Галаци, каде што настапуваат двете македонски инернационалки Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска, загуби на гостувањето кај силната Корона Брашов, со 30:23, а на полувремето губеше со 16:12.

Ливриниќ поради административни проблеми не беше во комбинација за овој меч, додека Јовановска беше стрелец на 4 голови од 9 обиди, од кои 1 беше од пенал. Следниот меч Данубиус Галаци ќе го игра на домашен терен против Залау.

Фото: Ionut Buharu