Македонскиот стратег Андон Бошковски вчера го одигра првиот официјален натпревар оваа сезона. Неговата екипа Роман ги одмери силите со актуелниот освојувач на Лигата на Шампионите – ЦСМ Букурешт во рамките на романскиот Суперкуп.
Во изјавата за 24Ракомет ТВ, Бошковски говори за сериозниот предизвик пред кој се наоѓа неговата екипа сезонава, очекувањата од новата средина и настапот во ЕХФ Купот…


