Романскиот вицепрвак предводен од клупата од Звонко Шундовски, а на теренот од Гоце Георгиевски, е победник на 48. издание на „ТВ Турнирот на шампиони“ во Добој. ЧСМ славеше во финалниот меч над словачкиот тим Татран Прешов со 28:25.
Претходно во групната фаза, ЧСМ оствари убедливи победи над Дервента 36:14, над домаќинот Слога Добој со 41:21, како и над црногорската екипа Будванска Ривиера со 33:23, а Георгиевски беше еден од најдобрите поединци.
Покрај титулата, романскиот тим ги собра и сите индивидуални награди. За најдобро десно е крило е прогласен нашиот репрезентативец, додека за најдобар голман е прогласен Марио Блажевиќ, своевремено ракометар на Вардар.
Следен предизвик за Шундовски и за Георгиевски ќе биде романскиот Супер Куп, а противник на тој меч што ќе се одигра на 3 септември ќе биде првакот Динамо Букурешт.



