ИХФ се одлучи правото на учество на СП во Франција преку вајлд-карта да и го додели на репрезентацијата која со своите игри беше хит на ЕП во Полска стигнувајки до четвртото место-Норвешка. Норвежаните се најдобрата европска репрезентација која преку квалификациите не успеа да обезбеди пласман на СП, бидејки во баражот беше елиминирана од репрезентацијата на Словенија.
Со овој потег на ИХФ, Норвешка станува потенцијален противник на Македонија, и еден од најмалку посакуваните противници на утрешната ждрепка. Бидејки Норвежаните влегуваат на СП во Франција преку вајлд-карта, утрешната ждрепка ќе ја започнат од последниот шести шешир.
ШЕШИР 1: Франција, Германија, Катар, Шпанија.
ШЕШИР 2: Хрватска, Словенија, Данска, Полска.
ШЕШИР 3: Шведска, Русија, Белорусија, Македонија.
ШЕШИР 4: Унгарија, Исланд, Египет, Бразил.
ШЕШИР 5: Тунис, Бахреин, Јапонија, Чиле.
ШЕШИР 6: Ангола, Саудиска Арабија, Аргентина, Норвешка.


