По вчерашната ждрепка во Дубровник, пред Македонија се отвори патот кон Европското првенство 2018. Сениорите го започнуваат својот поход од групата 4, каде како носители ќе бидат репрезентативците на Исланд, покрај нив македонските ракометари ќе се натпреваруваат со Чешка и репрезентацијата на Украина.
Првиот натпревар од новиот европски квалификациски циклус е закажан за 2-ри или 3-ти ноември 2016, а Македонија ќе биде домаќин на аутсајдерот Украина. Веќе наредната седмица Македонија ќе замине за Чешка, каде ќе одигра уште еден трет дуел оваа година со истиот противник. Пролетниот дел од наредната сезона на репрезентативен план ќе го одбележи двомечот со Исланд, првиот дуел се игра на почетокот на мај (3/4 мај) во Скопје, додека возвратниот дуел во Рејкјавик е закажан за три дена подоцна (6/7 мај). Јунскиот дел од квалификациите ќе ги дадат патниците за Европското првенство во Хрватска, а Македонија ќе ги одигра двата клучни натпревари, на почетокот на јуни ќе гостува во Украина, а седум дена подоцна пред своја публика ќе го заокружи својот настап против репрезентацијата на Чешка.
| 2–3 ноември 2016 |
Исланд  |
vs. |
Чешка |
|
| 2–3 ноември 2016 |
Македонија  |
v |
Украина |
|
| 5–6 ноември 2016 |
Украина  |
vs. |
Исланд |
|
| 5–6 ноември 2016 |
Чешка  |
vs. |
Македонија |
|
| 3–4 мај 2017 |
Македонија  |
vs. |
Исланд |
|
| 3–4 мај 2017 |
Украина  |
vs. |
Чешка |
|
| 6–7 мај 2017 |
Исланд  |
vs |
Македонија |
|
| 6–7 мај 2017 |
Чешка  |
vs. |
Украина |
|
| 13–14 јуни 2017 |
Чешка  |
vs. |
Исланд |
|
| 13–14 јуни 2017 |
Украина  |
vs. |
Македонија |
|
| 17–18 јуни 2017 |
Исланд  |
vs. |
Украина |
|
| 17–18 јуни 2017 |
Македонија  |
vs. |
Чешка |
|
Двете најдобри репрезентации од оваа група ќе настапат во еден од четирите градови домаќини на ЕУРО 2018, Пореч, Сплит, Вараждин или Загреб.