Ригорозна казна за Чипурин во Франција

Дуелот меѓу Ним и Иври одигран на 30 март имаше свое трето полувреме по завршување на натпреварот. Двете екипи ги поделија бодовите, а натреварот заврши со резултат 28-28, но последиците од овој меч веќе ги почуствуваа во двата табора. Кон финишот на натпреварот, страстите ги разгоре вербален дуел меѓу противничките ракометари кој заврши со физичка пресметка, неколку играчи од двете екипи веќе се на дневен ред кај дисциплинскта комисија на француската лига и во наредниве денови треба да дадат свој официјален исказ пред истражните органи.

Според извештајот на раководните лица во францускиот ракомет, највоинствен бил Михаил Чипурин. Поради неговото однесување при судирот на двете екипи, рускиот интернационалец кој оваа сезона настапува во Иври е суспендиран од дисциплинската комисија, како мерка за претпазливост. Ваквата одлука е екстремно ретка во ракометот, а тоа наговестува сериозна казна за 35-годишниот ракометар.

Сослушувањето на Чипурин пред дисциплинската комисија е закажано за понеделник (18 април) по што се очекуваат сериозни последици по пивотот на Иври.

Чипурин оваа сезона пристигна во Франција како големо засилување на пивотменската позиција во Иври, а поради сериозноста на обвинувањата заработи мерка за претпазливост-суспензија и ќе го пропушти саботниот меч на својот клуб против Сесон Рен. Иври се наоѓа на 12 -та позиција на табелата во Д1 лигата и оваа сеозна ќе се бори за опстанок меѓу елитата.