Македонскиот репрезентативен голман, по успешните настапи за Рајн-Некар Ловен, го привлече вниманието на управата на Барселона.
Според информации кои се појавија во ракометните кругови овие денови, Борко Ристовски потпишал двегодишен договор со каталонскиот гигант и од наредната сезона тој ќе биде клупски соиграч на капитенот Кире Лазаров.
Борко Ристовски кој досега настапуваше за Рајн Некар Ловен и самиот неодамна проговори за интересот на шпанскиот гигант и дека сериозно се двоуми која насока да ја одбере за неговата кариера, Рајн Некар Ловен или Барселона.
Според ракометните кулоари, тој ќе стане нов член на каталонскиот клуб, како замена за досегашниот голман Даниел Шариќ кој ќе се пресели во Катар, државата за која ги брани националните бои.
Сè уште чекаме официјална потврда од Барселона како и од самиот Борко Ристовски, но последните информации уверуваат на одлуката на Борко дека Барселона е неговата наредна дестинација.
Барселона во своите редови го има младиот шпански репрезентативец Гонзало Перез Де Варгас и искусниот босански интернационалец со катарски пасош Даниел Шариќ. Веќе се поизвесно е дека Шариќ ќе го напушти шпанскиот првак, а како негова следна дестинација се споменува Катар, но и составот на Пик Сегед. Во редовите на актуелниот европски шампион од следната сезона ќе се врати и шпанецот Родриго Коралес, кој има договор со каталонците до 2017, а веќе потпиша со својот нов клуб ПСЖ за наредните три сезони. Коралес моментално настапува како позајмен играч во Висла Плоцк, но полските вицепрваци веќе најавија промени, а меѓу нив е и името на Коралес кој ќе се врати во својот матичен клуб. Останува на управата на Барселона да одлучи дали Коралес веднаш ќе замине за Париз или ќе одигра една последна сезона во Шпанија.


