Дваесет години потоа: Започна снимањето на документарниот филм за првото хрватско олимписко злато

Денес во Дубровник започна снимањето на документарниот филм „Први пут“(„Прв пат“) кој се фокусира на ракометната репрезентација која го освои златниот медал на Олимписките игри во Атланта. Преку сценариото на Мирјана Хрга љубителите на ракометот ќе имаа можност да се потсетат на ракометните случувања во далечната 1996. Првото хрватско олимписко злато, спектакуларниот дочек и сведоштвата на главните актери на треренот ќе бидат прикажани на Фестивалот за спортски филм и медиуми кој ќе се одржи во Задар од 26 до 30 април.
Под водство на големиот Велимир Кљаиќ (Кљун), хрватските репрезентативци на 4 август 1996 испишаа нова страница во хрватскиот ракомет. Во финалето ја совладаа репрезентацијата на Шведска со гол постигнат во последната секунда од натпреварот за конечни 27-26, за олимписко злато, за историја.

GO01939452

По 20 години од олимпиското изненадување, на првата клапа присуствуваше и тогашниот претседател на Хрватскиот олимписки одбор Антун Врдољак, кој ги сумираше своите впечатоци од Атланта 1996.

„Тоа беше прв пат да освоиме олимписко злато, во значајно време за нашата земја. Мене ми припадна таа чест за прв пат да ги доделам медалите, а Хрватска се бореше за првото место. Нашето учество беше неизвено до самиот почеток на Олимписките игри, а од таму се вративме како победници. Тоа на што посебно се сеќавам е величествениот и неповторлив дочек во Загреб. Тој народ, таа радост и одушевување никогаш нема да го заборавам.“ – истакна Антун Врдољак.

Документарниот филм кој ќе претставува сеќавање на починатите ракометни легенди Велимир Кљаиќ и Изток Пуц ќе претставува учебник за тоа на каков начин треба да се развива и негува овој спорт.

Низ сеќавањата на Аталанта 1996 ќе говорат Хрвоје Хорват и Зоран Гобац, легендарните спортски коментатори Божо Сушец и Драго Чосиќ како и членовите на златната ракометна репрезентација на Хрватска од 1996: Патрик Чавар, Зоран Микулиќ, Валнер Франковиќ, Валтер Матошевиќ, Златко Сарачевиќ, Славко Голужа, Бруно Гудељ, Божидар Јовиќ, Владимир Шујстер и Алваро Начиновиќ. „Први пут“ премиерно ќе се прикаже на фестивалот за спортски филм „High 5“ („Хај 5“) во Задар.

https://youtu.be/HuPFJcJVzJM